Вести Македонија

Градските автобуси наместо по тетовските улици, гаражирани, а јавното претпријатие во застој

Петте градски автобуси наместо да вршат јавен превоз низ Тетово, кој е повеќе од неопходен, речиси два месеци се паркирани во дворот на Противпожарната единица Тетово.

Новата локална самоуправа донесе ваква одлука, оти претпријатието работело со голем број неправилности, а ваквата состојба ќе трае се додека како што соопштија градските власти, не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во претпријатие од претходните раководни структури.

Голем број од граѓаните го поздравуваат јавниот превоз, кој профункционира пред да истече мандатот на претходната локална власт, а беше ставен во прекин откако дојде новата локална самоуправа.

-Градскиот превоз не беше идеален, но во секој случај беше корисен. Ефтин, особено за студентите и средношколците чии образовни институции се наоѓаат кон Универзитетот на Југоисточна Европа. Но, сметам дека сето ова се прави заради добивање на политички поени. Ако имало неправилности во претпријатите нека ги откријат, нека ги пријават, има за тоа надлежни институции. Не знам која беше потребата целосно да се прекине јавниот превоз, рече еден жител на Тетово.   

Јавниот превоз во Тетово никако да профункциоира како што треба, иако градските власти една деценија ветуваа дека ќе го воведат.  За петте градски автобуси општината плати 720 000 евра , но наместо на коловозите, тие и од претходната локална власт 8 месеци беа гаражирани, со образложение дека треба да се создадат услови, за да започнат да превезуваат патници.

Зоран Димовски

Проблеми со јавниот превоз има и во најголемата општина Куманово, бидејќи се уште не се избрани превозниците за линиите во градот, но и кон селата кои се дел од општината. Од Нова Година нема градски јавен превоз во Куманово кој го одржуваат приватни превозници што се избираат на тендер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе