Вести Македонија

И Народниот правобранител ја проверува смртта на затвореникот Реџаил Ќерими

Разговори со вработените, цимерите и лекарскиот персонал. Преглед на безбедностите камери. Вистината и причините за смртта на затвореникот Реџаил Ќерими осуден во случајот „АЛФА“ за убиството на полицаецот кај ПМФ синоќа ги истражувал и специјален тим на народниот правобранител. Заклучиле дека му се влошила здравствената состојба уште изутрината, а ноќтта паднал и починал – неофицијално од мозочен удар. Но, медицинска обдукција за точните причини нема да има, вели народниот правобранител Насер Зибери.

Сепак, понатамошните согледувања на надлежните институции треба да дадат одговор и на прашањето зошто не е наредена обдукција од обвинителот  иако тоа го наложува законот за здравствена заштита особено ако смртта настанала во притвор или затвор. Неговиот брат за медиумите изјави дека недовербата во институциите за спроведување на законот ги спречила да дозволат форензичко вештачење. Бил во добри односи со цимерите во затворот Идризово, а Ќерими не се жалел на здравствени проблеми иако пред 6 години бил хоспитализиран, па пуштен со дијагноза – „вкочанување на нервите на лицето“. Случајот „АЛФИ“ одново доспеа во јавноста откако владата најави дека ќе ангажира странски експерти да ги следат овој и уште три други судски случаи на што правните експерти реагираа на мешање на извршната во судската власт. Адвокатите, пак, на починатиот Ќерими ланскиот јуни побараа ново судење преку вонреден правен лек, откако и Врховниот суд ги потврди доживотните затворски казни за него и Агим Ислами ,а самостојно ангажираа експерт од Србија кој наводно ја потврдил невиноста и судската грешка во случајот.

Тричлената полициска патрола беше нападната на паркингот на факултетот на 28-ми ноември 2008-ма година. Алфата, Африм Арифи загина веднаш на лице место, додека двајцата други полицајци беа изрешетани, а еден од нив е доживотен инвалид од раните здобиени во заседата. Покрај доживотно осудените Ислами и Керими, за нападот како главен организатор е осуден Алмир Дрпљанин кој во бегство беше осуден на доживотна казна, но по апсењето на Косово и екстрадицијата во Скопје, на ново судење за крвавиот напад доби 20 години затвор.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе