Вести Економија

Ќе добијат ли работниците минималец од 18.000 денари?! Синдикатот спрема штрајк, Владата уверува дека ќе има решение

Ќе добијат ли работниците минимална плата од 18.000 денари? Бизнисот е против, владата тактизира, а синдикалците се спремаат за штрајк. Од Владата за Телма одговорија дека минималецот ќе стигне до 18.000 денари најбрзо што може годинава, но не прецизираат точно кога.

Владата води и ќе ги интензивира дијалозите со претставниците на работниците и на работодавачите како и стопанските комори и цврсто сме убедени дека ќе се изнајде решение за покачувањето на минималната плата кое ќе биде на задоволство за сите.

Синдикалците бараат тоа да биде  најдоцна до март. Спремаат штрајк откако вчера по втор пат Владата им ја одложи средбата, и ја презакажа за во понеделник. Од владата велат спремни се да разговараат и за второто барање на синдикалците- К-15 да добијат сите вработени во јавниот сектор. Велат барањето се разгледува како и дали може да се изнајдат пари во буџетот за тоа.

Одлуките за штрајк синдикатот ќе ги носи во петок. Тој ќе биде на работните места со прекин на работата и во државните институции и во приватниот сектор.

За бизнисот пак се неприфатливи 18.000 денари минимална плата. Се за  да се преговара за законското покачување, кое според нив нема да биде поголемо од 5 до 6 проценти.

И експертите со  апел до владата – да се внимава со минималецот. Тој мора да расте како што расте продуктивноста.

Минималната плата треба да расте и она законско право за усогласување на минималната плата согласно цените треба да биде исполнето. Сепак треба да водиме сметка дека секој пораст на минималната плата, кој што потенцијалноо би бил поддржан од централниот буџет преку субвенции може скапо да не чини и истото да е во колизија со онаа цел за фискална консолидација, смета Благица Петрески, Finance Think

Потрошувачката кошничка  стигна до  35.000 денари и според синдикалците недостасуваат речиси 5.000 денари за таа да се наполни со две минимални плати од по 15.200 денари. Според пресметките пак на „Finance Think“ повисоките цени во последните 10 години „изеле“ 1.500 денари од минималецот, и тој сега наместо 15.200 реално вреди 13.750 денари.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Дејан Дејан

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе