Утринава Македонија се разбуди под снежна покривка. Од Улици и Патишта јавуваат дека коловозите се исчистени.
Во Скопје се фрлени 140 тони сол. На располагање има 4000 тони сол, и дополнителна залиха од лани. Тие се распределени низ три пункта. Во Скопје на терен биле излезени сите 18 возила од улици и патишта уште од 4.45 часот. Во Македонија сите патни правци се проодни исто така, нема забрани за движење освен на патот Дебар – Маврово за тешки товарни возила. Но, поради појава на голомразица се препорачува внимателно возење.
На Попова Шапка наврнал најмногу снег 44 сантиметри. Во Маврово 21 сантиметар, девет сантиметри снег во Крушево. Со пет степени под нула, најстудено е во Берово и Струмица, јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Снегот ќе продолжи повремено да паѓа во текот на денот, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка.
