Вести Македонија

Секое 13-то контролирано возило превезува патници со неисправни кочници- акција Дозвола на полицијата откри 60 неисправни автобуси и комбиња

За 4 час низ цела држава, сообраќајните полицајци сопреле 576 автобуси и комбиња за превоз на патници, 11% од нив имале неостатоци и неисправности што биле откриени на технички преглед.

МВР ја нарече акцијата “Дозвола” и соопшти дека најмногу неисправни превозни возила открила во тетовско и штипско.

Почестите контроли почнаа по трагедијата на Беса Турс во Бугарија кога загинаа 45 патници, а проверките покажаа огромен број на пропусти кои надлежните ги толерирале. Никој досега не е казнет ниту обвинет поради сопствените пропусти.

Во денешното соопштение МВР соопшти дека 42 возила за превоз на патници имале неисправни сопирачки:

Денеска (20.01.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Дозвола“ спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија на возила со кои се врши јавен превоз на патници, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје… Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци“, рече Ангеловски

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа ( кои исто така учествуваа во акциската контрола) преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, рече Ангеловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе