Вести Македонија Топ вести

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата. Тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс“.

Ќамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра, златото не гори вели тој.

Исто така тие бараат и паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината.  Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Северна Македонија, објави БНТ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе