Кочанските оризопроизводители ја завршија жетвата, но се вратија на старите навики и покрај бројните апели да не се палат стрништата. Кочанските пожарникари и доброволци вчера имале тешка битка со огнот во атарите на неколку села. Опожарени се десетина хектари стрништа и помалку од половина хектар лозје. Тринаесет пожарникари и уште толку доброволци повеќе од три часа се бореле со огнената стихија. Спасена е викендица во селото Кучичино, а спречено е пожарот да не дојде и до селата.
Екологистите постојано алармираат дека кочанско поле е пале, а воздухот се загадува. Жителите на Кочани и ова зимо дишат шкрги од депонија, намерно палење на гуми, фабрички капацитети, а сега и од стрништата. Со години никој не може да се справи со старите навики на земјоделците иако агрономите кои имаат и неколку децениско искуство ги советуваат дека палењето на стрништата е штетно за почвата.
Имаше иницијативата земјоделците кои ги палат стрништата да го изгубат правото за исплата на субвенции, како по пример во некои од европските земји. Лани од палењето на стрништата изгореа 500 хектари лозја, овоштарници, житни култури, а беа загрозени и Пречистителната станица во Мојанци, како и бензински пумпи. Дополнителен проблем е што пожарникарите по полските патишта низ нивите ги уништуваат и така стари.
Викторија Јованова
