Над 100-тина дивоградби на Попова Шапка, со можност истите да се легализираат. Иако невладините организации со години алармираа на постојаното зголемување на нивниот број, новото законско решение нуди можност за легализација на бесправно изградени објекти и во заштитено подрачје
Хамди Сулејмани од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ вели дека, мора добро да анализира кои објекти ќе се легализираат, за да се вклопат во урбанистичкиот план, кој е неопходно да се направи.
Сулејмани лично, како инженер-архитект, не го поддржува Законот, затоа што, како што вели, ја згаснува инженерската фела. И универзитетскиот професор Усеин Багашов е против легализација на дибоградби, затоа што голем дел од нив се изградени без проект.
Според последните податоци во Општина Тетово има околу 3 000 непроцесирани предмети во делот на легализација на дивоградби, додека за ваквите објекти на Попова Шапка се чека официјална бројка.
Данијела Билбилоска
