Вести Македонија

Огласи за вработување во државните и јавни институции се објавуваат секојдневно – ветувањата на секоја Влада за намалување на администрацијата никако да се остварат

Центарот за управување со кризи вработува 50 лица, УЈП – 40, Собранието 20-тина, Фондот за пензиско десетина 10-тина, Судскиот совет 7, општини и училишта поскромно – по еден двајца…Агенцијата за администрација речиси секојдневно објавува огласи за вработување во јаниот сектор. „Има голема потреба од нови административци“, тврди вицепремиерот Артан Груби. Само во министерството со кое тој раководи, се бараат 166 соработници од сите етнички заедници за преведување, лекторирање и редактирање.

Но, во својата програма периодот 2022-2024-та, Владата признава дека администрацијата е гломазна, па најавува намалување на бројот на вработените.

-Ќе продолжат и ќе се интензивираат стратешките и долгорочни процеси за намалување на обемот на администрацијата за 20%, преку спојување на функции и надлежности на институциите, пензионирање на 64 години, пакети за трансфер во приватен сектор исл…Веруваме дека професионализацијата и деполитизацијата на јавната администрација мора да почне од врвот и затоа создаваме висока раководна служба – стои во Програма на Владата за периодот 2022-2024.

 Реформата на јавната администрација е вечна тема. Секоја Влада секоја година ветува деполитизација, департизација, професионализација, реорганизација, рационализација и други постапки кои треба да овозможат подобри и поевтини јавни услуги. А граѓаните `се уште чекаат остварување на некои стари ветувања како втора смена или едношалтерска услуга. Оваа година, тие исти граѓани ќе издвојат 530 милиони евра за платите на повеќе од 130 илјади административци во илјада и 300 институции.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе