Вести Македонија

Општина Битола со помош од Владата ќе помагаат за санирање на земјотресните штети

Владата заедно со  Општина Битола  ќе учествува во обештетување на граѓаните кои претрпеа штети од земјотресот на 9 јануари. Од државниот буџет ќе се издвојат средства за санација на станбените објекти на битолчани и куќите во битолските погранични села, а процентот ќе се утврди во зависност од предизвиканата штета. Владата ќе ја финансира   санација на болницата во Битола, како и оштетувањата во една градинка, и училиштата. Вака е договорено на денешната средба во Општина Битола меѓу владини претставници и локалната самоуправа.

-Планот  е помош да има на две нивоа, едно  е брза санација на јавните институции,  болницата бидејќи треба веднаш да се стави во функција, но, сметаме дека треба да го исфинснасираме и реновирањето на градинките и училиштата. Она што   значи обештетување на граѓаните, Комисијата треба законски во рок од 360 дена да поднесе извештај, но се согласивме тоа да го направи што побрзо, рече гОРАН МИЛЕВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУРПАВА. 

Битолачни веќе поднесуваат барања за проценка на  штети  предизвикани од земјотресот Пријавувањето започна вчера,  а граѓаните ќе имаат можност да ги пријават штетите во следните две недели, до 26 јануари.

-Само во текот на вчерашниот ден имаше стотина пријава за штети. Комисијата активно работи и ние сме подготвени и втора комисија да оформиме. Претставници на ИЗИС заедно со Комисијата за проценка на штети се веќе на терен, рече Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола. 

Инаку, по силниот земјотрес на 9 јануари со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер, со епицентар во Грција, на 20 километри од Битола, тлото не престанува да се  тресе. Вчера околу 15 часот беше регистриран уште еден посилен потрес од 4,5 степени, а потоа во текот на ноќта и утрово следа уште петнаесетина  со помал интензитет.

Емилија Мисирлиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе