Вести Македонија

Поради неисправно тркало –прилепски автобус што возел ученици на Попова Шапка исклучен од сообраќај

Автобус возел ученици од Прилеп на екскурзија во Попова Шапка, но тетовските сообраќајци откриле дека автобусот имал технички неисправности на едно од тркалата.

Додека учениците се на скијање на Шапка, автобусот кој треба да ги врати е во станица за технички преглед до отстранување на неисправноста.

За возачот и за прилепската фирма, чиј автобус бил неисправен ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Соопштението на МВР открива дека неисправниот автобус е откриен вчера:

-Вчера (10 јануари) околу 14 часот и 30 минути, на улица “Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој претходно превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка. Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај.Против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци, додека автобусот ќе биде надвор од функција до отстранување на техничките недостатоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дваесет и два дена загадена вода се вбризгувала во гостиварскиот водовод

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе