Вести Ковид19 Свет

Макрон: Сакам да ги нервирам невакцинираните

Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај, им порача францускиот претседател Емануел Макрон на пет милиони невакцинирани сограѓани. Во интервју за весникот Ле Паризен, Макрон ја објаснува владината стратегија.

Не сакам да ги пратам во затвор, не сакам да ги терам да се вакцинираат, треба да им се каже: дека од 15 јануари повеќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалоци, кафе, театар , кино, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. 

Изјавата на Макрон предизвика бура од реакции во јавноста. За политичките опоненти ваквиот груб јазик не е достоен за еден претседател. Дебатата со жестока расправа продолжи во парламентот за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација

Франција лани воведе сертификати со кои на лицата со негативен ПЦР тест и вакцинирани им се дозволи влез во ресторани, и други места, што владата сега сака да го промени и да воведе само сертификати за вакцинација. Но, дебатата беше одложена, откако опозицијата гласаше против иако претходно најави дека ќе го поддржи законот. За премиерот, ова изненадување е политички трик.

„Вирусот напредува и вие кревате рачна сопирачка. Што мислат нашите сограѓани за овие трикови? Дали мислите дека тие служат за јавната дебата? Што мислите дека мислат нашите здравствени работници на првата линија? Тие не застануваат на полноќ како што вие одлучивте и гласавте. Тоа е апсолутно неодговорно“, рече Жан Касте, премиер на Франција. 

Законот е одложен за наредната недела, а голем дел од пратениците рекоа дека добивале закани по живот од антивакцерските здруженија. Со 90% вакцинирана популација, Франција е една од водечките земји во Европа со највисок број на имунизирани од ковид. Но, оние пет милиони кои одбиваат вакцина сега го шират сојот омикрон и меѓу вакцинираните. Само вчера во париските ковид болници биле примени 20 илјади ново заболени.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе