Вести Македонија Најважни

Дејан Трајковски: Врвот на петтиот бран се очекува за еден месец- бројот на позитивни случаи ќе ги надмине капацитетите за тестирање

Причина за брзото ширење на коронавируот е омикрон сојот, тврди  универзитетскиот професор Дејан Трајковски, кој преку неговите математичко статистички анализи  пресмета   дека овој бран ќе го достигне врвот за еден месец.

Иако, според Трајковски, заштитата на вакцините од заразување опаѓа, сепак се уште е висок  процентот на нивна заштита од смртен исход.

Не очекува поголем број на починати од КОВИД-19, ниту пак преполнети болнички капацитети, затоа што омикрон дава полесна клиничка слика.

-Со голема сигурност може да се предивиде дека нема да се преполнат болниците. Речиси сигурно нема да достигнеме 1500 хоспитализирани. Тука помага и скратеното време за затворање на случаите. Од омикрон сојот хоспитализираност трае од 3 до 5 дена. Така што дури и да имаме зголемен наплив на хоспитализирани случаите брзо ќе се затвораат, вели Трајковски.

Сепак професорот  Трајковски не може да прогнозира дали наскоро ќе има крај на пандемијата, затоа што вели не се знае дали во наредниот период ќе се појават мутации на вирусот кои ќе бидат отпорни на вакцините и прележаност. Но очекува дека ќе премине од пандемија во ендемија, со повремени  пандемиски размери

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе