Вести Македонија

Два камиони на фирма од Мала Речица покажале фалсификувани лиценци на граница

На граничните полицајци на преминот Ново Село кон Бугарија, возачи на две товарни возила на фирма од тетовска Мала Речица покажале фалсификувани документи за учество во меѓународен сообраќај.

Случајот е преземен од обвинителството, а МВР не соопшти за која фирма станува збор. Проблемот со лоша гранична контрола која пропушта возила со фалсификувани документи и лиценци беше утврден по трагедијата со автобусот на Беса транс во која загинаа 45 патници меѓу кои 12 деца. И тој кобен автобус ги минал државните граници на Македонија, 135 пати за 400 денови, без да има соодветни лиценци.

МВР соопшти дека камионите се откриени денеска:

-Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско. При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе