Причина за брзото ширење на коронавируот е омикрон сојот, тврди универзитетскиот професор Дејан Трајковски, кој преку неговите математичко статистички анализи пресмета дека овој бран ќе го достигне врвот за еден месец.
Иако, според Трајковски, заштитата на вакцините од заразување опаѓа, сепак се уште е висок процентот на нивна заштита од смртен исход.
Не очекува поголем број на починати од КОВИД-19, ниту пак преполнети болнички капацитети, затоа што омикрон дава полесна клиничка слика.
-Со голема сигурност може да се предивиде дека нема да се преполнат болниците. Речиси сигурно нема да достигнеме 1500 хоспитализирани. Тука помага и скратеното време за затворање на случаите. Од омикрон сојот хоспитализираност трае од 3 до 5 дена. Така што дури и да имаме зголемен наплив на хоспитализирани случаите брзо ќе се затвораат, вели Трајковски.
Сепак професорот Трајковски не може да прогнозира дали наскоро ќе има крај на пандемијата, затоа што вели не се знае дали во наредниот период ќе се појават мутации на вирусот кои ќе бидат отпорни на вакцините и прележаност. Но очекува дека ќе премине од пандемија во ендемија, со повремени пандемиски размери
Емилија Мисирлиевски