Македонија

Трифонов: Без визи за САД и членство во Шенген за Бугарија да дозволи влез на Северна Македонија во ЕУ

Слави Трифонов, лидерот на бугарското движење „Има таков народ“ на својот Фејсбук-профил предложи Бугарија да и дозволи влез на Северна Македонија во Европска унија, ако Соединетите Американски Држави ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната.

Трифонов во објавата пишува дека по толку чекање и тие треба да станат Европејци.

Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната, додава тој.

Според Трифонов темата за Северна Македонија е важна за сите Бугари.

Бидејќи е дел од нашата национална историја и бидејќи над 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето на таа земја, смета Трифонов и додава дека бил во посета на Скопје и на бугарската Амбасада со спреј било испишано „Бугари умрете!“. -Зошто бе луѓе, што сме ви направиле за да искажувате таква омраза?, напиша Трифонов во врска со тој напис.

 

Во објавата, лидерот на движењето „Има таков народ“ вели дека околу сто илјади Македонци имаат бугарски пасош и додава дека за да се добие тој пасош потребно е да ги докажат бугарските корени. Вели дека со таквите изрази на омраза оние македонски граѓани, кои имаат бугарски пасош одат против самите себе, бидејќи се „Бугари по пасош и по нивна желба“.

Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти, додава тој.

Трифонов потсети дека на 10 јануари кај претседателот на државата, Румен Радев ќе се одржи советодавен состанок на којшто ќе се разговара за Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе