Вести Ковид19 Свет

Грција од денеска со нови рестриктивни мерки против коронавирусот

Работно време до полноќ за угостителските објекти, без музика, со забрането стоење и со најмногу шест гости на маса, спортски натпревари со гледачи до десет отсто од капацитетот на стадионите и салите или најмногу 1.000 лица, работа од дома за 50 отсто од вработените во јавниот и приватниот сектор, се новите мерки во Грција кои во шест часот утрово стапија во сила, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките беа планирани за понеделник, меѓутоа откако за само два дена во земјата регистрираше над 50.000 случаи на Ковид-19, грчката Влада одлучи да го забрза воведувањето на рестрикциите што ќе важат до 17 јануари 2022 година.

Отстапка има за новогодишната ноќ, кога угостителските објекти ќе бидат со продолжено работно време до два часот по полноќ, но ќе важат истите мерки, односно дочекот ќе биде без музика и само со седење.

Од минатиот петок, маската е задолжителна и за затворените простори и на отворено,  додека пак во супермаркетите и јавниот превоз задолжителна е маската со висока заштита КН95.

Од денеска, ваква маска е задолжителна и за вработените во угостителскиот сектор.

Мерките, како што е пракса во Грција, освен за Грците, важат и за туристите, кои од 19 декември, за да влезат во земјата, независно дали се вакцинирани или не потребно е да имаат негативен ПЦР или рапид тест.

За посетителите кои од странство пристигнуваат во Грција, постои силна препорака да го повторат тестирањето на вториот и на четвртиот ден по нивниот влез во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе