Во канадската провинција Квебек, најавено е дека на некои здравствени работници кои се заразени со коронавирус ќе им биде дозволено да продолжат да работат.
Високиот здравствен менаџер на државата Кристијан Дубе изјави дека поради зголемениот број случаи има итна потреба од медицински сестри и медицински персонал за што рече дека било неопходно да се донесе ваква одлука.
„Не би го направиле тоа доколку имаме избор, но нашата ситуација е итна и критична на краток рок. Ова е најдобрата алтернатива за да не се прекине услугата. Реалноста е дека имаме се повеќе болни луѓе и помалку медицински сестри. Ако сакаме нашето општество да продолжи да функционира безбедно, tоа е она што треба да го направиме“, рече тој.
Квебек е втората најнаселена провинција во Канада која забележа нов бран на инфекции со порастот на сојот Омикрон.
Според Ројтерс, во последните денови се срушени нови рекорди во регионот, со околу 13.000 нови случаи забележани само во понеделникот.
