Вести Ковид19 Свет

Над 800 луѓе во Австралија добија неточни резултати од тестот за ковид

Стотици луѓе добија негативни резултати на тестот за коронавирус и покрај тоа што беа позитивни по грешка на лабораторија во Сиднеј.

Грешката, која се случила за време на Божиќ, била поради, како што велат од лабораторијата, грешка во обработката на податоците.

Некои од тестираните се загрижени дека можеби несвесно ги заразиле своите најблиски за време на божиќните празници.

Лабораторијата SydPath се извини велејќи дека грешката, која погодила вкупно 886 луѓе, се случила затоа што работниците се соочиле со „невиден“ број на тестови.

400 луѓе добиле информација дека не се заразени, а информација за грешката добиле дури следниот ден.

SydPath подоцна им кажа на стотици други луѓе дека се негативни, но нивните резултати сè уште не се утврдени – сепак 486 од нив се сè уште позитивни.

Услугите за тестирање Австралија се борат со голема побарувачка. Многумина пријавија дека биле одбиени на клиниките што  достигнале полн капацитет, додека други се пожалија на долгото чекање за резултатите од тестот.

Седумдневниот просек за тестови во државата Нов Јужен Велс беше околу 145.000 брисеви дневно, од 117.000 на ден во текот на неделата претходно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе