Вести Ковид19 Свет

Повеќе од 9 милијарди вакцини во светот се администрирани против Ковид-19

Бројот на администрирани вакцини против коронавирус во светот надмина девет милијарди.

Повеќе од половина од нив (4,67 милијарди) се во три земји – Кина (2,77 милијарди), Индија (1,4 милијарди) и САД (0,5 милијарди). Податоците се базираат на официјални соопштенија на властите.

Во моментов, на луѓето им се инјектирани 9,002 милијарди дози вакцини против коронавирус. Сè уште не е можно да се утврди колку луѓе на планетата ги примиле двете дози, затоа што многу земји го пријавуваат само бројот на сертифицирани дози на вакцини против Ковид и примени вакцини. Истовремено, во голем број земји веќе е во тек процесот на ревакцинација на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе