Вести Економија

Секој 4- ти тендер без конкуренција – ЕСМ набавувала за 4 милиони евра без оглас

2800 јавни набавки, половина преку електронска аукција, секој четврти завршил без учество на конкуренција со понуда од само една фирма. Полугодишниот извештај за јануари- јуни 2021 година на Граѓанскиот центар за комуникации отркива дека државната ЕСМ е рекордер во набавки во четири очи. Од 8 милиони евра државни пари ЕСМ 6 пати без оглас потрошиле 4 милиони.

Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 % од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција, посочува Филков ,а според него честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.

Подеднакво нетранспарентни се и државните но и локалните власти и институции. Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата пракса која со години се провлекува и покрај укажувањата и на невладинито сектор но и на државната комисија за спречување корупција.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе