Вести Ковид19 Свет

Гутереш: Ковид-19 нема да биде последната пандемија со која ќе се соочи човештвото

Пандемијата на Ковид-19 не е последна за човештвото, треба да се подготвиме за следната, напиша на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод 27 декември – Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии.

Генералното собрание на ОН во 2020 година го прогласи 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемии.

– Ковид-19 нема да биде последната пандемија со која ќе се соочи човештвото. Додека се бориме со оваа здравствена криза, мора да се подготвиме за следната. На Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, да се фокусираме на ова прашање и да му ги дадеме вниманието и инвестициите што ги заслужува, напиша Гутереш.

Пандемијата е епидемија од големи размери што може да зафати цела земја, неколку соседни земји и континенти. Се карактеризира со многу голем број на засегнати луѓе (до неколку милиони) и долго траење (од една година до десетици години). Некои пандемии со најразорни последици имаат специфични имиња: на пример, Јустинијанова чума (VI век, за време на владеењето на императорот Јустинијан I), пандемија на чума од XIV век – Црна смрт, пандемија на грип од XX век – Шпанската чума.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе