Божикните планови на луѓето од целиот свет се драматично нарушени со откажувањето на повеќе илјади летови за празничниот викенд, додека бројот на заразени со Ковид-19 драматично се зголемува.
Авиокомпаниите посочија дека недостатокот од здрав персонал е главната причина за откажувањето на речиси 2 400 –тини летови во текот на вчерашниот ден и уште 2 300-та денеска.
Повеќе од 800-тини од овие откажани летови биле кон или полетувале од американските аеродроми.
“Јунајтед” и “Делта” јавно признаа дека голем број од овие откажувања се заради КОВИД, иако нивните вработени се вакцинирани и иако тие и другите компании презедоа чекори за намалување на шансите за инфекциите со КОВИД да влијаат врз нивната работна сила. Знаеме дека Омикрон е поинаков сој и дека ги заразува и луѓето кои се вакцинирани, вели Хенри Хартевелд, аналитичар на авионската патничка индустрија.
“Видете, тоа е голема тема, за короната. Мислам, луѓето треба да се грижат за себе и на правилен начин да носат маска цело време” – вели патничката Џоселин Меккау.
Во Европа, ограничувањата на патувањата се меѓу мерките чија цел е да се намали бројот на нови случаи, од кои огромен дел се резултат на Омикрон сојот.
Иако веќе неколку студии утврдија дека заразата со Омикрон е со поблаги симптоми во споредба со претходните соеви на коронавирусот, здравствените експерти се внимателни пред се заради високите бројки на нови случаи кои се регистираат во САД и Европа.
Во Европа, повеќе влади воведуваат рестриктивни мерки во обид да го спречат ширењето на вирусот.
Во Италија, Шпанија и Грција, носењето на маски е задолжително и на отворено, Холандија веќе претходно неделава влезе во строг локдаун, додека германските власти најавија дека ќе ги ограничат приватните собири на 10 луѓе и ќе ги затворат ноќните клубови од 28-ми декември. Баровите и ноќните клубови ќе бидат затворени од 26-ти декември и во Португалија а се до 9-ти јануари, работата од дома ќе биде задолжителна до 9-ти јануари.
Во Каталонија и Барселона се воведе и полициски час кој стапува во сила од 1 часот по полноќ до 6 наутро.
“Ние исто така дојдовме во Барселона во Октомври минатата година. Мислам дека тоа беше пред уште еден нов пораст на случаите. И тогаш го видовме градот празен. Навикнати сме на тоа. Но, гледајќи на позитивен начин, среќна сум кога гледам дека се е толку тивко” – вели туристката Едурне Отеги.
Но, во Јужна Африка, каде прв пат беше секвенциониран Омикрон сојот, владата го прекина следењето на контактите а министерството за здравство соопшти дека најголем дел од населението досега веќе бил заразен со корона вирусот и затоа мерките сега се пред се насочени кон носењето маски и социјалната дистанца.
Никола Илиевски
