Францускиот Висок здравствен орган препорача трета доза вакцина против Ковид-19 да се прими по три месеци од првата доза наместо како што е досега, по пет месеци.
Високиот орган за здравство (ХАС), во соопштение за медиумите даде две нови препораки за вакцинација против Ковид-19 – се препорачува да се намали временскиот период за трета вакцина на три месеци, наспроти пет во моментов и препорака – засилувачка доза за адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои имаат имунодефициенција или сериозен ризичен коморбидитет.
-Првите податоци од реалниот живот сугерираат дека вакцините што моментно се користат во Франција се ефикасни против полесните симптоматски форми на сојот Омикрон со 80 отсто на 1-2 месеци, но ја губат својата ефикасност побрзо отколку со претходните варијанти, соопшти ХАС.
Клиничкото испитување спроведено од лабораторијата Фајзер, кое има за цел да ја процени ефикасноста и безбедноста на бустер дозата кај адолесцентите, се уште е во тек.
Бадник во Франција е под закана од сојот Омикрон – втор ден по ред во државата е регистриран рекорден број на новозаразени – 91.608 за 24 часа, објави министерот за здравство Оливие Веран.
