Вести Ковид19 Свет

Тедрос: Подобро е да се откажат собири отколку живот

Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување пред Божиќните празници поради забрзаното ширење на омикронската варијанта на коронавирусот.

„Подобро е да се откажат собири отколку живот“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција, додавајќи дека „треба да се донесат тешки одлуки“.

„Во некои случаи, тоа ќе значи откажување или одложување собири и настани“, рече тој.

„Сите ни е преку глава од оваа пандемија. Сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормалниот живот“, додаде Тедрос.

Тедрос додаде дека пандемијата може да заврши оваа година доколку 70 отсто од населението во секоја земја во светот се вакцинира до средината на годината.

Изјавата на лидерите на СЗО доаѓа во време кога здравствените експерти тврдат дека омикронот стана доминантен меѓу новите случаи на инфекција во Соединетите држави.

„Сега има силни докази дека омикрон се шири значително побрзо од варијантата делта. И има поголеми шанси за инфекција или повторна инфекција на луѓето кои биле вакцинирани и оние кои оздравеле од коронавирусот“, рече Гебрејесус.

Голем број земји, вклучително и Франција и Германија, ги зајакнаа ограничувањата и воведоа ограничувања за патување во обид да го забават ширењето на новата варијанта. Холандија воведе строга блокада што ќе трае за време на божиќните празници.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе