Ужасна трагедија ја потресе денеска Австралија кога 4 дечиња го загубиле животот а уште 5 се повредени откако трамполината во форма на замок во која си играле била подигната високо во воздух, потврди полицијата.
Трагедија на ткн ден на забава во организација на основното училиште Девенпорт, во државата Тасманија била предизвикана од силен ветер.
Полицијата проценува дека трамполината била крената во воздух најмалку 10 метри, по што децата паднале на земјата и 2 момчиња и 2 девојчиња го загубиле животот.
Властите не прецизираат на која возраст биле жртвите, но потврдија дека сите биле во 5-то или 6-то одделение, типично за дечиња на возраст од 10 до 12 години.
Полицијата и вонредните служби брзо започнале да даваат прва помош на местото на настанот. Од 4-те деца, две се момчиња а две девојчиња. На денот кога овие деца требале да го прослават својот последен ден од основното училиште, наместо тоа ние жалиме заради нивната загуба. Нашите срца се скршени за семејствата и нивните сакани, соучениците, наставниците на овие млади деца кои ни беа одземени пребргу.
Настанот кој се случи денеска во Девенпорт во Тасманија е навистина уништувачки, едноставно незамисливо тажен настан а младите дечиња имале ден за забава , како и нивните семејства и потоа се случува ваква ужасна трагедија во овој период од годината, тоа баш ни го крши срцето.
Родителите на децата биле бргу информирани за инцидентот, кој се случи на последниот ден од школската година во Австралија.
Дел од родителите потврдија дека училиштето повеќе пати во минатото користело вакви трамполини, без поголеми инциденти.
Девенпорт, на северниот брег од Тасманија е мало крајбрежно гратче со помалку од 30 000 жители.
Никола Илиевски
