Вести

Подарок-картичката од Ист Гејт Мол и Комерцијална банка е во продажба

Ист Гејт Мол и Комерцијална Банка известуваат дека „Ист Гејт подарок-картичката“ е во продажба и доаѓа токму во пресрет на најубавите празници во годината.

„Ист Гејт подарок-картичката“ е достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари, со цел да биде вредна за дарување во секоја прилика и со најразличен повод, и може да се набави во сите експозитури на Комерцијална банка.

Подарок картичката е прифатена од бројни продавници во Ист Гејт Мол, односно најпознатите брендови од светот на модата, козметиката, технологијата и спортот. Може да се користи во период од шест месеци од денот на нејзиното купување и да се троши повеќекратно во тој временски период, на различни продажни места.

Сите детали за картичката и листата на продажни места каде што може да се користи се достапни на следниот линк: https://eastgatemall.mk/east-gate-podarok-karticka/ и https://kb.mk/gift-egm.nspx.

„Ист Гејт подарок-картичката“ е наменета за физички лица, како и за правни субјекти кои сакаат да подарат вредност за вработените во компанијата. Таа претставува модерно и елегантно решение кога го барате најсоодветниот подарок за да изразите љубов, внимание, радост, почит или задоволство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе