Вести Македонија Топ вести

Мортус пијан, возел со 4.14 промили алкохол

Возач во Македонија бил фатен со 4,14 промили алкохол е во крвта. Тој е еден од 157 возачи кои под  дејство на алкохол возеле синоќа за време на полициски контроли.

Според јавно достапните податоци, рекорд во пијанство во автомобил постигнал прилепчанец во 2011-та, со измерени 4,83 промили. Откако почнаа постојаните акциски контроли на МВР, најалкохолизиран возач имал 3,87 промили.

МВР не соопшти во кој град или на кој пат е откриен овој опасен возач кој покрај сопствениот живот ризикувал и животи на други учесници во сообраќајот.

МВР соопшти дека најмногу под дејство на алкохоле се возело во Скопје и Битола:

Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2021) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе