Вести Ковид19 Свет

Од јануари наредната година Австралија ќе ги вакцинира децата на возраст од пет до 11 години

Австралија од 10 јануари ќе почне со администрирање на вакцини против Ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години, изјави денеска аврстралискиот премиер Скот Морисон, откако воведувањето на вакцината ги помина последните регулаторни пречки.

„Ова ќе биде добредојдена вест за милиони семејства низ целата земја кои сакаат можност да ги вакцинираат своите деца“, додаде Морисон.

По прегледот на клиничките податоци во Канада, советодавната група за вакцинација препорача осумнеделен интервал меѓу дозите, што може да биде скратаен на три недели доколку се влоши епидемиолошката ситуација.

Вакцините на Фајзер ќе се инјектирата во почетната фаза, додека регулаторите ја проценуваат соодветноста на вакцината на Модерна, а таа одлука се очекува во наредните недели.

Одлуката доаѓа во време кога Австралија се обидува да ја забрза употребата на бустер дозата откако стана една од највакцинираните земји во светот, со ревакцинирано речиси 90 отсто од населението над 16 години. Околу 70 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 15 години се целосно вакцинирани.

Властите ги повикуваат граѓаните да земат засилувачка доза поради загриженоста од новата, позаразна варијанта на коронавирусот, сојот омикрон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе