Вести Македонија Топ вести

Османи за Топ Тема: Можно е и Албанија и Македонија да почнат со преговори најкасно во јануари

Непосредно пред европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали Македонија и Албанија ќе почнат преговори со Европската Унија, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во разговор за Топ тема на Телма, вели дека не очекува во декември да се случи раздвојување на Албанија и Македонија.

„Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, ова неефектуирање на сопствените одлуки од страна на ЕУ, кои што значително ќе влијаат на довербата на самата унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави да почнат најкасно во јануари со преговорите“, рече Османи.

Со шефот на дипломатијата Бујар Османи, Сања Васиќ разговара и за тоа дали има нови иницијатива, што се очекува, но и за актулената политичка ситуација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе