Вести Македонија

Втор ден заседава бугарско-македонската комисија

Заглавена веќе една година на прашањето за толкувањето на Цар Самоил, историскиот периодот на 10 – 11 век, мешовитата комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија денеска на вториот ден од 16-тата нејзина средба, во обид да ги поместат работите од мртва точка.

Од десетата средба на Комисијата која се оддржа минатиот декември нема напредок во работата меѓу двата тима, а прашањето за Цар Самоил ке се сметаше затворено повторнос е најде на маса.

Македонскиот тим на новата средба која се одржува он-лајн учествува со еден член помалку откако историчарот Ванчо Ѓорѓиев во октомври најави повлекување од Комисијата поради наводни притисоци од страна на МНР, по што беше и разрешен од страна на шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Османи тогаш побара од членовите на македонскиот дел од Комисијата сами да го избере својот нов седми член, што до денеска не е направено.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе