Вести Ковид19 Свет

Граѓаните над 60 години во Словачка кои ќе се вакцинираат со „бустер“ доза ќе добијат по 300 евра

Словачка ќе обезбеди финансиски стимулации за лицата над 60 години кои ќе се вакцинираат против коронавирус или ќе примат т.н. бустер доза, за да се зголеми стапката на вакцинација која заостанува зад другите земји во Европската унија.

Парламентот одобри исплати денеска, давајќи зелено светло на владиниот предлог со кој првично се разгледуваше давање ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се определи за паричен поттик.

Оние кои ќе примат „бустер“ доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека групата над 60 години кои ќе аплицираат за прва доза до тој датум ќе добијат 200 евра.

Словачка не е првата земја што нуди стимулации за вакцинација. Во октомври, Швајцарија понуди бесплатни оброци во ресторан или билети за кино на граѓаните кои ќе ги убедат своите пријатели да се вакцинираат против Ковид.

Американскиот град Хјустон во април соопшти дека ќе плати 100 долари на секое лице кое ќе ја прими првата доза од вакцината против Ковид.

Од вкупното словачко население, 46,5 отсто се целосно вакцинирани, што е под просекот на ЕУ од 66,8 отсто, според Европскиот центар за превенција Ѝ контрола на болести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе