Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом, ги повика државите во светот да преземат брзи чекори за спречување на ширењето на сојот Омикрон од корона вирусот.
Според Адханом овој сој досега е пријавен во 57 држави во светот а сите предвидувања се тој број да продолжи да се зголемува, пред се заради големиот број на мутации на вирусот. Засега не може дефинитивно да се каже колку оваа варијанта на Ковид -19 е позаразна од во моментов доминантниот Делта сој.
Сега почнуваме да гледаме конзистентна слика за брзо зголемување на пренесувањето, иако засега точната стапака на зголемување во однос на другите варијанти е тешко да се квантифицира.
Најважното прашање секако е колку е сериозна заканата од Омикрон сојот.. Светската јавност со нетрпение ги очекува и информациите дали навистина овој сој предизвикува болест со поблаги симптоми, како што навестуват првичните информации од Јужна Африка.
Податоците кои доаѓаат од Јужна Африка сугерираат зголемен ризик на реинфекција од Омикрон, но повеќе податоци се неопходни за извлекување посигурни заклучоци. Има и одредени податоци дека Омикром предизвикува поблага болест во споредба со Делта, но повторно премногу е рано да има дефинитивен заклучок. Секое самозадоволство сега ќе чини човечки животи.
Научниците потврдија дека оваа варијанта на корона вирусот има голем број мутации, но колку ќе успее да ја избегне заштитата од вакцинацијата или претходната болест не е целосно познато.
Фајзер се пофали дека бустер дозата од нивната вакцина нуди значителна заштита, во однос на првите две дози. Тестови спроведуваат и производителите Модерна и Џонсон и Џонсон за можната потреба да ги модифицираат своите вакцини, доколку овој сој почне забрзано да се шири меѓу имунизираната популација.
Никола Илиевски