Вести Ковид19 Македонија

МЗ: 168 новозаболени и 7 починати од ковид во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево – по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе