Македонија Најважни

Алтернатива утре ќе одлучува за влез во Владата

Централниот совет на Алтернатива утре ќе донесе конечна одлука, дали партијата ќе биде дел од новата Влада. Највисокото партиско тело ќе заседава во Тетово. На вчерашната средба на двајцата лидери Заев и Гаши беше постигнат напредок, но не беше прецизирано за колку вкупно министерски и директорски места се преговара. Алтернатива е заинтересирана за здравство, образование и земјоделство. Бараат и еден вицепремиер.

Кадровските барања, Гаши ќе му ги соопшти на Заев по завршувањето на седницата на Централниот совет, по што викендов ќе се одржи уште една средба на која ќе се официјализира идната соработка на двете партии. Доколку Алтернатива одлучи да биде дел од Владата тогаш и четворицата пратеници ќе го зголемат парламентарното мнозинство. По вчерашното соопштение на Алијанасата на Албанците во кое ја предупредија Алтернатива дека три пати го прекршиле коалицискиот договор и дека во иднина ќе внимаваат со кого ќе соработуваат, од Алтернатива велат дека партијата на Села за нив секогаш ќе остане политички партнер и соработник.

Бидејќи веќе поминавме два изборни циклуси во коалиција со Алијансата за Албанците, нашата соработка всушност е достојно реализирана. Сепак, останува отворена можноста оваа соработка да продолжи и на следните избори кога и да се одржат. За нас Алијансата на Албанците не е противничка страна, затоа за нас и не е најдобро комуникацијата да пресметуваме на начин кој со кого и колку пати се сретнал, бидејќи така ќе станеме непотребни должници, велат од Алтернатива.

Од СДСМ велат дека разговарале со Алтернатива за одредени позиции но конкретни решенија сѐ уште нема. ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека какво било учество на Алтернатива во една ваква Влада претставува погрешен чекор и дека само предвремени парламентарни избори се решение за излез од политичката криза.

Разврска на целата ситуација се чека и во Собранието каде останаа блокирани стотици закони а веќе еден месец нема закажано ниту една собраниска седница. Не се одржаа ниту пратенички прашања.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе