Македонија Најважни

Пожарот е причина за трагедијата иако е спорна и делницата на патот – покажа увидот на бугарските власти

Делницата на патот каде што се случи трагедијата со македонскиот автобус има недостатоци и свои маани, но тие не се директен причинител на несреќата. Огромниот број на жртви е последица на пожарот којшто настанал. Ова се заклучоците од увидот којшто во изминатите денови го правеа бугарските власти. Ја проверуваа целосната документација за делницата помеѓу местата Драгичево и Горна Дикања. Според документите, во 2002 година е издадена градежна дозвола и е одобрен проектот за изградба на патот. Од 2006 година има дозвола и за изградба на дополнителни клучки. Тогашното ограничување на брзината е 90 километри на час. Во 2013 година дозволената брзина веќе била зголемена на 120 километри на час.

Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата. Грубоста на површината на патот е во прилично добра состојба. Во однос на заштитната ограда наречена „рибна опашка“ истата ги исполнува стандардите. Наводно, несреќата не настанала со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус, изјави Виолета Комтова, министерка а регионален развој и јавни работи.

Според, архитектот Калинов, при промената на ограничувањето на брзината, сменети се само ознаките и патната сигнализација. Сепак патот останува таков каков што е, со кривините кои не се за возење со толкава брзина.

Она што не загрижува е што и во самиот проект попречните свртувања на коловозот се нешто над 4%, што значи дека брзината треба да биде 90 километри. При поголеми брзини возилата скршнуваат налево, а во случај на незгода, автобусот тргнал десно, што е предуслов да се претпостави дека се движел со мала брзина, вели архитектот Влади Калинов.

И покрај тоа што бугарските власти децидно тврдат дека брзината не е причина за несреќата, министерката за регионален развој и јавни работи Виолета Комитова најави краткорочна мерка, а тоа е да ја замени ознаката и да ја намали максималната брзина на 90 километри на час за таа кобна делница каде што животот го загубија 45 македонски државјани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Дејан Дејан

Неполна недела до првиот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе