Вести Македонија Најважни

Сите вмешани во малверзaциите ќе одговараат во земјава порача обвинителот Јовевски за истрагата за работењето на „Беса Транс“

„Беса Транс“ пломбирана, со одземени документи но без мерки за обезбедување за одговорните во фирмата. Истрагата за малверзациите кои овој превозник ги правел се предмет на посебна и обемна истрага во земјава откри јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Се распетлува и клопчето како биле вмешани и јавни службеници но и други одговорни и секој кој сторил кривичен пропуст ќе одговара, порача Јовевски.

Истрагата се засилува по наодите дека несреќниот автобус 135 ја минал границата без соодветни лиценци.

Додека во Македонија потфрлил системот на контрола, бугарските истражители сеуште трагаат по причините на несреќата.

Распитан е сопственикот на „Беса Транс“ и уште осуммина, и прибрани се сие документи кои ги поседува оваа компанија по кои денеска дојде во Скопје тимот бугарски истражители. Нарачани се сите технички ,хемиски, форензичарски и сообраќајни анализи, открива бугараскиот истражител Младен Христов Петров кој денеска беше домаќин на Јовевски, четврти ден од фаталниот пожар  нема одговор дали станува збор за човечка грешка или друг фактор.

„Продолжуваме да работиме на сите верзии кои сеуште не се потврдени. Формирана е екипа од многу квалитетни форензичари како и голем број обвинители предводени од главниот истражител Срафов. Но, и по толку дена интензивни истраги сеуште не може да се каже една конкретна верзија, прифатена и докажана а дополнителни сите останати верзии да се отфрлат,“ појасни Младен Христов Петров, истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија

Возачот, автобусот или патната сигнализација која изостанала на оваа делница. Јавноста прашува, а сообраќајните експерти во Бугарија се на терен и ги бараат причините за несреќата.

Прават анализи, но шпекулираат дека можните причини за несреќата се кријат во необележаниот автопат кај Струма. Окружниот обвинител во Перник ќе ги почека анализите.

„Се прават многу анализи и вештачења. Кога ќе ги имаме готови анализите од експертите ќе можеме да соопштиме некои заклучок. Секако и таквите сомнежи се предмет на анализа односно дали патната сигнализиација и патиштата се причина за ваквата наесреќа. Но, да ги почекаме експертизите за да бидеме сигурни, порача Бисер Јорданов, заменик окружен обвинител на Окружното обвинителство Перник.

Освен документација и изјавите од вработени и преостанатите биолошки материјали од роднините, денеска за Бугарија ќе отпатуваат и двајца експерти од институтот за судска медица за да се забрза процесот на идентификација. Според истражителите од Бугарија до крајот на идната недела роднините ќе можат да ги погребаат своите најблиски кои загинаа во страотната несреќа кај Струма, а во автобус на Беса Транс изгоре 45 патници од кои 12 деца.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Халеви: Иран ќе се соочи со последици за нападот

Дејан Дејан

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Дејан Дејан

Долниот дом на амриканскиот Конгрес посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе