Вести Свет Топ вести

Автобус изрешетан во Косово, загинаа двајца тинејџери и возачот

Три лица загинаа синоќа во престрелка што се случила околу 19 часот во близина на селото Глоѓане во општина Дечани во Косово.

Според албанските медиуми, во престрелката загинал возачот на автобусот кој сообраќал од Ѓаковица за Дечани, а загинале и двајца млади, девојката Г.М. и младиот Љ.Х. на возраст од 17 и 18 години.

Тинејџерката Г.М. била средношколка по медицина. Нејзина роднина рече дека девојчето сонувало да стане лекар. „Имаше 17 години, учеше во медицинско училиште и се враќаше од школо. Тоа беше училишниот возен ред, се враќаше. Како и секој ден, со автобус, како и сите ученици“, рече таа.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе