Вести Ковид19 Свет

Холандските власти утврдиле дека десетици патници од летовите од Јужна Африка се заразени коронавирус

Холандските здравствени власти соопштија дека, врз основа на првичните резултати од тестовите на околу 600 патници, кои вчера со два лета пристигнале на аеродромот „Схипхол“ во Амстердам од Јужна Африка, покажуваат дека веројатно десетици од нив биле заразени со коронавирус.

Овие патници биле веднаш изолирани од другите патници на аеродромот поради загриженоста од новооткриениот сој на коронавирусот наречен „омикрон“.

Патниците од двата лета од Јужна Африка вчера веднаш по пристигнувањето во Амстердам со часови чекаа во авионите, а потоа беа тестирани за коронавирус поради загриженоста од новиот вид.

Холандската влада вчера ги забрани сите патувања од Јужна Африка, а министерот за здравство Хуго де Јонге рече дека сите патници кои веќе се на летови ќе мора да бидат подложени на тестирање и карантин по пристигнувањето во Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе