Македонија Најважни

Реконструкција на последното патување на автобусот на Беса Транс

Хотел во Истанбул во населбата Есенлер. Надзорните камери ги регистрираат 52 патници како ги товарат своите куфери во автобусот и тргнуваат на патување, кое за неколку часа ќе се покаже, дека е нивно последно. Некои од патниците околу 16.00 часот вчера се слушнале со своите најблиски во Македонија за да им кажат како се и дека тргнале кон Македонија, каде требаше да пристигнат утрово со прв станица на застанување – Куманово па Скопје. Но тоа никогаш нема да се случи. Нивното патување трагично ќе заврши во три часот наутро на кривината на смртта на автопатот Струма, во ренот на селотто Боснек, пред градот Перник во Бугарија – позната како црна точка на автопатот. Неколку  минути пред два часот по бугарско време на телефонот за истни случаи 112 стигнал повикот кој ги мобилизирал противпожарните и медициските екипи од Перник и во Софија.

„Околу 3 часот по полноќ ми се јави дежурниот во општина Перник кој ми соопшти дека се случила ужасната несреќа која се случила на автопатот Струма, со многу жртви. Автобус со македински регистарски таблички претрпел тешка несреќа во која се запали, тука на ова место. Го гледате тука влажниот коловоз, со огромна нивелација и остриот свиок и човек ако не го знае тоа може да додје до трагедија, (како оваа) каква што јас не паметам“, изјави Станислав Владимиров, градоначалник на Перник .

Автобусот на смртта кој бил последен од конвојот од четирите автобуси на Беса транс од Скопје четири часа пред кобната несреќа, во 21 часот, е регистриран како ја поминува турско-бугарската граница на граничниот премин „Капетан Андреево“. Од тогаш до 3 часот утрото нема информации дали автобусот имал некакви проблеми или не. Она што се знае е дека последното запирање на автобусот било на бензинска пумпа, за патниците да се одморат, напијат кафе и освежат, на само неколку километри пред местото каде тие трагично ќе го завршат своето патување.

„Глетката е застрашувачка. Не секој може да ја поднесе таа глетка. Застрашувачка глетка. Деталите за трагедијата ќе се разјаснат во текот на истрагата. Не е за гледање тоа таму. Луѓето се сите на купче. Целите се пепел. Затоа никој не може да каже колку луѓе имало или кои се. Телата мора да се идентификуваат, што ќе биде многу тешко и да се идентификуваат еден по еден. Има можност, бидејќи неколку автобуси патувале заедно и овој беше последниот, за време на одморите што ги правеле, патниците да се префрлале од еден во друг автобус“, изјави Бојко Рашков, министер за внатрешни работи на Бугарија.

А делницата од автопатот каде се случила несреќата сведочи за последните мигови на 45-те македонски граѓани, меѓу кои и 12 деца, со разрушената 50 метарска банкина и изгорениот до пепел автобус кој навлегол во меѓупроистори на двете коловозни ленти на автопатот. Зад себе оставил и еден соборен сообраќаен знак.

На слабиот дожд кој врнел во текот на ноќта падна првиот сомнеж дека е можно да го ја предизвикал несреќата, правејќи го коловозот лизгав. Сепак првите неофицијални информации за несреќата беа дека се слушнала експлозија во која изгорел автобусот, но не се знае што ја предизвикало. Претпоставките беа дека таа е предизвикана од ударот во банкината или од пожар во самиот автобусот. Официјалните лица од истрагата прстот за причина го вперија во две можни сценариија за несреќата –  човечка грешка и условите на патот или техничка неисправност на возилото.

Во текот на денот се лиферуваа информации од бугарски експерти од местото на настанот дека на автобусот му пукнала предна гума поради која тој удрил во банкината при што дошло до излевање на горивото, кое поради вклученото парно греење во возилото се запалило и довело до експлозијата. Освен тоа постои сомнеж дека во предниот дел на автобусот имало и туби со нафата, што придонело автобусот целосно да изгори во страотен пожар, за само неколку минути.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“

Дејан Дејан

Дали воведувањето на глобалниот данок од 15 отсто ќе ги испразни ТИРЗ зоните во земјава?

Дејан Дејан

Во Агенцијата за вработување чекаат работа над 600 магистри и дваесет доктори на науки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе