Ковид19 Македонија Топ вести

Бројот на заразени со Ковид-19 во минатите 7 дена е намален за речиси 9 проценти во однос на претходната недела

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во последните 7 дема регистрирани се вкупно 2 929 ново заразени со Ковид-19, што претставува намалување од 8,9 проценти во однос на неделата претходно.

Процентот на позитивни тестови во просек изнесува околу 15%.

Намалувањето на бројот заболени се забележува кај сите возрасни групи, освен кај децата до 9 години,  а најзабележително е кај возрасната група над 60 години.

Во текот  на минатата недела, пријавени се вкупно 49 реинфекции, што е зголемување од 36 отсто од претходната недела , но процентот на луѓето кои се реинфицирале од почетокот на пандемијата останува низок и изнесува 0,4 отсто.

Минатите 7 дена регистрирани се 91 смртни случаи, мало зголемување од претходната седмица, кога починале 87 луѓе.

Во овој миг, хоспитализирани се 495 луѓе од кои 330 се на кислородна поддршка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе