Ковид19 Македонија Топ вести

23 починати и 493 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп ( 73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г). Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе