Вести Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Комисијата предлага задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници

Крупна мерка за невакцинираното население утрово препорача Комисијата за заразни болести до Владата.

Повеќе од 130 илјади административци за да одат на работа ќе мора да бидат вакцинирани. Во спротивно, ќе мора да одвојат просечно околу 120 евра месечно од свој џеб, само за ПЦР тестирање.

Засега нема информации колкав е опфатот на имунизирани административци. И не се само тие опфатени со оваа мерка. Дури до 30% невакцинирани здравствени работници исто ќе имаат обврска да се имунизираат.

Нема одговор од здравствените власти што би било во случај дел од медицинарите да останат невакцинирани.

Во однос на Ковид-сертификатите и тоа што е општ впечаток дека се прави во однос на злоупотреба и прикажување на лажно искреирани документи за влез во кафеани, барови, спортски и културни настани – министерот го адресираше и тој проблем.

Во Министерството се свесни дека се прават злоупотреби и дека има повеќе сертификати отколку вакцинирано население, но тврдат дека има алатки за ова да се исконтролира. Овој проблем ќе биде разгледан на главниот Кризен штаб.

Мерката за задолжителна имунизација на администрацијата ќе важи десет дена откако Владата ќе донесе одука, односно во период од 30 дена за здравствените работници.

Експертите во Комисијата потребата од ваква мерка ја базираат на тоа што болниците мора да работат и може да се избегне преоптовареност со невакцинирани пациенти заболени со Ковид.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

„Митинг-двобојот“ во Тетово сепак нема да се одржи?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе