Ковид19

524 новозаразени и 17 починати од Ковид -19

Нови 524 случаи на КОВИД-19 од  3126 тестирања, 565 оздравени и девет починати пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа. Министерството за здравство информира дека дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021.  Од новодијагностицираните, во Скопје се 215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка имаат по 24, Прилеп, Велес и Кочани по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – девет, Кратово – осум, Штип и Демир Хисар по шест нови случаи, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово по пет, Кичево, Ресен и Богданци по четири, Гостивар и Струга по три, Струмица и Пехчево по два и по еден новозаразен е регистриран во Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран.

Од деветтемина починати во изминатото деноноќие, тројца се од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), две лица се од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице се од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Сите се починати во болнички услови.

Меѓу дополнително пријавените осум починати од КОВИД-19 од системот Мој термин, со датум на смрт од  24 октомври до 13 ноември 2021, по двајца се од Скопје и од Велес и по еден од Гевгелија, Крива Паланка, Кочани и Тетово. Починатите се на возраст од 66 до 94 годни, пет од нив починале во домашни услови, а тројца се починати во болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе