Вести Ковид19 Свет

Два милиони невакцинирани Австријци од денеска во карантин

Европа повторно е центар на пандемијата со корнавирусот. Холандија стана првата западноевропска земја која за прв пат од летото воведе делумно заклучување. Берлин го забранува влезот во рестораните за невакцинираните.

Бундесверот се подготвува за вонредна ситуација поради наглото зголемување на бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Германија, за што ќе бидат ангажирани 12.000 војници кои ќе помагаат во спроведувањето на новите засилени мерки. Германските работодавачи пак ќе им исплатат по 5.000 евра бонус на вработените кои што целосно ќе се имунизираат.

Во Австрија невакцинирани против Ковид-19, меѓу кои и 12-годишни деца, од полноќ се во „локдаун“ врз основа на одлуката на австриската Влада донесена поради влошената епидемиолошка состојба. Согласно владината одлука, сите граѓани кои не се вакцинирани против коронавирусот од денеска се во строго „заклучување“.

Зголемување на бројките на новозабоелни лица има и во земјите каде што најголем дел од населението е имунизрано. 80 отсто од населението во Португалија, Малта и Шпанија е вакцинирано, а во Италија стапката на вакцинација изнесува 73 отсто.

Холандија, која целосно вакцинираше 73 отсто од своето население, влезе во тринеделна делумно заклучување во саботата, затворајќи ги баровите, рестораните и основните продавници од 20 часот.

Франција каде што скоро 69 отсто од населението е целосно вакцинирано, најави дека од 1 декември, постарите од 65 години и лицата во ризични групи кои немаат примено трета доза вакцина повеќе нема да имаат право на здравствена пропусница, а во исто време програмата за засилување ќе биде проширена и за лицата над 50 години.

Од земјите во регионот пак во Црна Гора се забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби на отворено и во затворен простор, како и работата на ноќните клубови.

Според Светската здравствена организација, инфекциите со коронавирус низ целиот континент се зголемиле за 7 отсто, а смртните случаи за 10 отсто во текот на изминатата недела, што го прави единствениот светски регион каде што бројките на новозаболени лица и смртни случаи постојано се зголемвуаат.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

32 Конгрес на СДСМ – се очекува усвојување на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата

Дејан Дејан

Трет пат во период од година и пол – парламентарни избори на Косово

Дејан Дејан

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе