Вести Македонија Топ вести

Добитниците на најзначајната награда на Скопје „наградени со бојкот“ на градоначалничката Данела Арсовска

Бура од реакции од добитниците на наградата „ 13 Ноември“ и од комисијата која решаваше за наградените, по синоќешното отсуство на новата градоначалничка на Град Скопје од свечениот чин на врачувањето , во салонот на Филхармонијата. Според членови од комисијата отсуството на Данела Арсовска е негативна реакција и некомплетен протоколот за врачување на наградата, кој подразбира секогаш до претседателот на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември “, да стои градоначалникот, кој ја врачува наградата.

Значи цело е кога има се, нели? Нормално, врвот во моментот на Град Скопје е таа. И ако не се појави веднаш, не е тоа, тоа. Глупаво е. Наградата не губи, не би се изразила дека е девалвирана. Но, самиот тој протокол, самото доделување на самата награда би било комплетно, ако е таму градоначалничката. Нормално, како реакција е негативна, изјави Даница Стојанова –член на Комисијата именувана од Одборот за наградата „ 13 Ноември“

Од Институтот за македонска литература кои се едни од добитниците на наградата „ 13 Ноември“, велат дека непојавувањето на градоналаничката Арсовска на врачувањето на наградите било забележано од присутните и дека е пропуштена можност за неа во репрезентативна смисла да се покаже како прв човек на Град Скопје.

Штета е затоа што во тој чин колку што ние се иницираме во улогата на наградени и од тогаш ја носиме таа чест, исто толку и за тој што ја извршува честа и тој ја исполнува таа улога. Се иницира во улогата на некој кој ја има моќта да го изврши тој чин.Во таа смисла, тоа е навистина штета затоа што е пропуштена можноста да се запоседне улогата во една најубава репрезентативна смисла , на прв човек на Градот, рече Наташа Аврамовска- директорка на Институтот за македонска литература

Од Град Скопје , отсуството на градоначалничката од свеченоста го објаснуваат со завршената постапка за доделување на наградите за време на нејзиниот претходник, Шилегов.

Наградата „13 Ноември“ , е највисоко признание што на заслужни граѓани и правни субјекти во повеќе области традиционално им го доделува Град Скопје, по повод Денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе