Претседателот Пендаровски соопшти денеска дека доколку Собранието изгласа недоверба на владата, тој е должен да постапува согласно неговите уставни надлежности.
Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, откако ќе го добие известувањето на претседателот на Собранието, тој во рамките на уставниот рок од десет дена, по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Владата на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието.
Пендаровски потврдува дека како и досега во своите постапки ќе се води согласно установеното толкување на уставната норма во праксата во минатите три децении.
