Вести Македонија

Касами пријавува во полициска станица исчезнување на пратеникот Кастриот Реџепи, Мицкоски се сомнева дека е киднапиран, а Арбр Адеми од ДУИ вели „срцето му е во Брисел“

Последните изјави од пред Собранието каде отсабајле трае прекинот на собраниската процедура за гласање на (не)доверба на владата се различни во зависност од која стрна доаѓаат.

Причина е пратеникот Кастриот Реџепи од Беса кој цел ден го нема и поради чие отсуство собраниската седница не започнува. Преку ФБ упати порака дека тоа го прави поради дипломатска информација за скор потег на ЕУ за интеграциите на државата.

Опозиционерите Христијан Мицкоски и Зијадин Села се сомневаат дека станува збор за можно киднапирање на пратеник за што треба и човечки сите да се загрижиме и да се прашаме каде е еден пратеник.

Лидерот на Беса Билал Касами кој е сопартиец со Реџепи најави дека ќе го пријави случајот во полициската станица Бит пазар. Во моментот Касами се наоѓа во станицата Бит пазар.

Арбр Адеми од ДУИ пак во изјава рече дека не е вршен никаков притисок врз Реџепи и дека неговото срце е во Брисел, алудирајќи на европските аспирации од ФБ статусот на пратеникот на Беса.

Еве што изјавија партиските претставници пред Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе