Македонија

Ако никој не обезбеди мнозинство можна е лидерска средба

Неизвесната ситуација во Собранието е под будно око и на Претседателот Стево Пендаровски.Доколку ниту една партија не може да формира мнозинство не е исклучена можноста од свикување итна лидерска средба на која ќе се разговара за новата политичка криза. Но доколку до полноќ се одрѓи седницата и се гласа тогаш ,Претседтаелот ќе постапи согласно Уставот и мандатот ќе го додели на онаа партија или партии кои ќе обезбедат мнозинство.

Претседателот Пендаровски ја следи работата на Собранието. Доколку Собранието изгласа недоверба на Владата, тој е должен да постапува согласно неговите уставни надлежности. По известувањето од претседателот на Собранието, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите коишто имаат мнозинство во Собранието. Претседателот како и досега во своите постапки ќе се води согласно установеното толкување на уставната норма во праксата во изминатите три децении, соопштија од кабинетот на претседателот.

Правните експерти кои ги консултиравме велат дека ваква ситуација, кога распоредот на силите е еднаков, не е предвидена ниту во Деловникот, ниту во Уставот и води кон малцинска Влада. Во услови кога Владата нема да има парламентарно мнозинство тешко ќе може да се носат закони затоа што нема да има кворум. Политичката криза ќе се продлабочува, неизвесноста во Собранието ќе продолжува, а за битните закони, вклучувајќи го и носењето на буџетот, ќе се водат долги дискусии. Во вакви услови Собранието нема да може да функционира а решението ќе биде неодржливо. Исходот според правните експерти ќе биде договор на сите политчки партии за предвремени парламентарни избори.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе