Седницата ќе продолжи, си има процедура изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, не сакајќи да застане и да одговори на нашите прашања. Џафери не одговори дали знае каде се наоѓа пратеникот Кастриот Реџепи, туку рече дека има надлежни институции кои тоа треба да го знаат.
Го избегна и прашањето за најавуваното окрупнување на парламентарното мнозинство, посочувајќи дека него не му требаат сознанија, туку факти.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
